Разбиена руска шпионска мрежа во Литванија

Од:

Премиерот на Литванија, Саулиус Сквернелис изјави дека била разбиена шпионска мрежа во државата, која работела за Русија и претставувала закана за националната безбедност.

Претставници на обвинителството претходно соопштија дека во тој случај биле уапсени неколку државјани на Литванија и еден руски.

–Нашите безбедносни служби презедоа навремени мерки против руската шпионска мрежа во Литванија и спречија активности што ја загрозуваат националната безбедност. Не се работи за изолирани дејствија, туку за операција, насочена против нашата земја, изјави Сквернелис.

Руското Министерство за надворешни работи го опиша случајот како нов пример за русофобската политика на Вилнус.

Канцеларијата на литванскиот обвинител вчера соопшти дека неколку лица, меѓу кои и поранешниот пратеник Алгирдас Палецкис, биле уапсени оваа година за шпионажа. Литванскиот генерален обвинител Евалдас Пашис рече дека руската разузнавачка служба е особено заинтересирана за тековниот судски процес за извршени репресии против литванското движење за независност на Литванија во 1991 година.

Претходно годинава литванското Обвинителство побара да бидат осудени во отсуство петмина Руси, вклучувајќи и поранешен министер за одбрана, и еден Белорусин. Тие се обвинети за напад врз седиштето на телевизијата во Вилнус во јануари 1991 година, при што загинаа 14 лица. Се очекува пресудата да биде изречена во февруари следната година.

Москва го оцени процесот како незаконски и го отфрла барањето за екстрадиција на осомничените, како и барањето за распит на 87-годишниот поранешен лидер Михаил Горбачов.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Убедлива победа на актуелниот претседател на Литванија во првиот круг од изборите

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски