(ВИДЕО) Стоилковски: Власта со закон ги брка оние кои продавајќи на пазарите го надополнуваат буџетот за корка поскапен леб

Од:

Црнилата од власта ги зацрни и зелените пазари. Со новиот црн закон пензионерите, вработените и лицата кои имаат некаков хонорар, од Нова година нема да можат да продаваат на тезгите на зелените пазари. Забеганоста оди до таму што при почнатата црна спирала на поскапувања на горивата и лебот, сега законски се бркаат оние кои продавајќи на пазарите скромно го надополнуваат буџетот за корка поскапен леб, рече Наум Стоилковски.

Тој додаде дека казните изнесуваат од 1.500 до 2.000 евра.

– Внимание, од 1500 до 2000 евра ќе бидат казнувани лица кои излегле на пазарите за да извадат некој денар повеќе за корка поскап леб. Однародените го осиромашија народот, ги скратија примањата, пензиите, ги дигнаа акцизите на горивата, го уништија земјоделството. Ранливите категории на сила ги влечеа од пазарите, им ги шутираа производите, а сега носат и закон со кој што дури 30% ќе бидат спречени чесно да спечалат денар повеќе, рече Стоилковски. Почитувани, никој, ама никој освен црната власт во својата забеганост, не гледаат причина зошто овие категории луѓе- пензионерите, вработените или хонорарци- не би можеле да тргуваат на зелените пазари?, запраша Стоилковски.

Тој рече дека ваквиот закон ќе ја зголеми сивата економија.

– При се’ поскап живот, ќе се формираат диви пазари, како обид за обезбедување на подостоинствена основна егзистенција на народот. Тоа ќе создаде нови социјални проблеми на најранливата категорија граѓани во Република Македонија. Дополнително, во вакви услови на се потешко пласирање на земјоделските производи, овој чекор ќе им ја намали откупната цена. Црната мерка е спротивна со принципите на слободната пазарната економија, но и е противуставна. Според Уставот секому му е загарантирано право на работа и остварување дополнителен приход. Почитувани, оваа црна мерка мора веднаш да се избрише, да се бркаат луѓето од зелените пазари, да се казнуваат со илјадници евра, да се понижуваат оние кои чесно работат. Црнилата мора да запрат. Колку побрзо оваа забегана власт за една намена замине, толку подобро за сите во Република Македонија, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски