ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се неспособни да го решат проблемот со загадениот воздух

Од:

„СДСМ се неспособни да го решат проблемот со загадениот воздух. Токму затоа се уште се служат со лажни ветувања и манипулации наместо навистина да се зафатат со намалување на аерозагадувањето.

Две години после ветувањето на СДСМ за итни мерки за почист воздух, не е спроведена ниту една мерка. Како резултат на нивните лаги државата е најзагадена во Европа, а Скопје секојдневно е во десетте најзагадени градови во светот.

Светска банка потврди дека заради енормно загадениот воздух во Република Македонија, на годишно ниво се регистрирани 1.350 смртни случаи.

Додека граѓаните ги полнат болниците и ги губат своите животи како последица од загадувањето на воздух, на власта око не и трепнува. Петре Шилегов си игра игри на телефон, а Јани Макрадули спие во Собрание за време на дебата за решавање на проблемот со загадувањето.

Ветуваат нови автобуси, а не се способни ни постојните да ги одржуваат па затоа секој четврти двокатен автобус скапува во гаражите на ЈСП. А за да покажат дека има помалку загадени денови, ги исклучија половина од мерните станици и абер немаат повторно да ги стават во употреба.

Лагите на СДСМ повеќе не поминуваат кај граѓаните на Република Македонија. Граѓаните се уверија дека СДСМ ниту се способни, а ниту имаат намера да го решат проблемот со загадувањето. Токму затоа за многу брзо граѓаните ќе ги казнат СДСМ за сите црнила кои и ги нанесоа на Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, животниот стандард е влошен

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

А1он

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ