СДСМ: Активно се спроведуваат мерки за решавање на деценискиот проблем со загадувањето

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ 11 години го игнорираше проблемот со аерозагадувањето и наместо да го решева дополнително го поттикнуваше преку криминални политики со кои го уништуваше зеленилото и ја загрозуваше животната средина и здравјето на граѓаните.

Наспроти таквото неодговорно однесување на ВМРО ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ, општините, министерствата, Град Скопје и надлежните институции спроведуваат низа мерки што имаат за цел да обезбедат почист воздух и поздрава животна средина за сите.

Повеќе пари од Буџетот на Град Скопје се одвојуваат за заштита на животната средина. Во споредба со минатата година, за следната година има за една третина повеќе одвоени пари.

За над 50 милиони денари се зголемуваат и средствата за изградба на нови паркови и унапредување на зеленилото.

Истовремено, обезбедени се 527 прочистувачи на воздух за сите 23 средни училишта на територија на град Скопје. Само со оава мерка на околу 22 илјади средношколци им е овозможен почист воздух во секој училишен ден.

Во тек се активностите и за реализацијата за изградба на гасоводна мрежа, што е една од клучните мерки во борбата против загадувањето.

За таа цел, во Буџетот на Република Македонија за 2019 година предвидени се средства во износ од една милијарда и 577 милиони денари, што е за дури 1.1 милијарда денари повеќе од средствата за 2018 година. Истовремено, за првпат е формирано и градско јавно претпријатие за гасификација и проектирање на гасоводен систем.

Набавката на 40 еколошки автобуси , субвенциите за електрични автомобили и вградувањето на систем на ТНГ за останатите возила, субвенциите за печки на пелети како еколошки начин на загревање на домовите и уште со многу други мерки се очекува 50 отсто намалување на загадувањето за две години во град Скопје , а 30 – 50 отсто на ниво на држава.

Владата предводена од СДСМ, заедно со град Скопје и надлежните институции на локално и национално ниво продолжуваат со мерките кои имаат за цел да стават крај на деценискиот проблем со аерозагадувањето“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“