Македонскиот карате репрезентативец Берат Јакупи освои златен медал на Европското првенство во Конја, Турција, во конкуренција на постари јуниори.
Во категоријата +76 кг. македонскиот репрезентативец оствари четири победи, и на доминантен начин дојде до златниот медал.
Тоа е негово трето злато, откако беше европски првак во категорија на кадети (во Париз 2009 година) и во Измир во категорија на јуниори (2010 година), со што е првиот македонски спортист кој има европски титули во три различни возрасни категории.
Македонските претставници на ова натпреварување освоија уште две медали. Моника Пендаровска во кадетска конкуренција, како и Виктор Крстевски во конкуренција на јуниори.
Освен споменатите три медали во борби, Македонија оствари и солиден пласман во кати, каде што нашите каратисти се враќаат со по едно петто и седмо место од Конја.
На еврошампионатот настапија вкупно 801 натперваруваи од 44 земји.