СДСM: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја блокираат иднината

Од:

„Нема поголемо урнисување на угледот на државата од 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кога Македонија беше заробена држава во длабока изолација, затворена и скарана со соседите, далеку од ЕУ и НАТО.

ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски свесно го закочи интегративниот процес, Македонија стана изолирана држава од која побегнаа стотици илјади граѓани, пред се млади.

Денес, кога успесите на Македонија се меѓународно признаени, кога Македонија е пред полноправно членство во НАТО и почеток на преговори за членство во ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски свесно работи на поткопување на интегративниот процес.

Анти НАТО и анти ЕУ Мицкоски, преку неосновани интерпелации, преку протести за одбрана на криминалот се обидуваат да го закочат реформскиот процес, да ја закочат иднината во ЕУ и НАТО.

Граѓаните се определија за економски напредок, за иднина во ЕУ и НАТО. Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ нема да ја блокираат иднината, нема да го закочат членството во ЕУ и НАТО.

По години изолација, поделби, криминал и стагнација, денес, Македонија е демократска држава пријател на демократскиот свет.

Македонија и нејзините граѓани одат напред кон ЕУ и НАТО и враќање назад нема“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август, а дотогаш народот нека се труе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Горан Наумовски

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат

МНР: Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици на СДСМ

ВИДЕО: СДСМ тврди дека Владата ќе го прифати Францускиот предлог, Владата реагира дека се хистерични

Катерина Ѓуровски