Федералната служба за безбедност на Русија соопшти денеска дека нејзини припадници во Ставропол, во југозападниот дел од земјата, убиле борци на Исламската држава.
Во соопштението е наведено дека планирале терористички напади, но не се прецизира колку осомничени се убиени ниту кога тоа се случило. Не се откриени детали за планираните терористички напади.
ФСБ во соопштението наведува дека осомничените давале отпор, а нејзините агенти возвратиле и ги „неутрализирале“.
Русија води воена кампања во Сирија од 2015 година за поддршка на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Според руските претставници, илјадници луѓе од Русија и другите поранешни советски републики се приклучиле на ИД во Сирија и Ирак.