Поднесено обвинение за неовластено производство и пуштање во промет на дрога

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од Кривичниот законик.

Како што соопшти ЈОРМ, обвинетиот во својот дом неовластено заради продажба држел поголема количина наркотична дрога и тоа: 19 пакувања наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од околу 35 грама, четири пакувања со наркотична дрога хероин со вкупна нето маса од 1,17 грама, како и синтетички опијат – метадон во шест шприца со вкупен волумен од 6,5 милилитри, како и 307 пластични шишенца метадон исполнети со поединечно количество 1мл – 70мл синтетички опијат.

Ценејќи дека се уште постојат законските основи поради кои на лицето му беше определена мерка притвор, надлежен јавен обвинител заедно со обвинителниот акт достави и предлог за продолжување на притворот за обвинетиот.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски