ВМРО-ДПМНЕ: Црнилата кои надвиснале над државата мора да бидат победени

Од:

„Република Македонија е обвиткана со црнила од власта предводена од СДСМ. Црн воздух, црна економија, црно здравство, црно образование, зацрнето земјоделие, црна и оцрнета држава.

Два месеци веќе Скопје е најзагаден град во Европа и меѓу десетте најзагадени во светот, граѓаните со месеци не смеат да излезат од своите домови, а болниците ширум државата секојдневно се полни со десеттици се граѓани со срцеви и белодро ни проблеми. Ветија решавање, а две години не понудија ниту едно решение.

Економијата за која ветуваа минимум 5% годишен раст две години е на нула, платите се ниски, а трошоците за живот секојдневно се зголемуваат. Со секој нов ден со оваа однародена власт граѓаните се се посиромашни.

Ветуваа бесплатно болничко лекување за сите, 100.000 денари плата за лекарите, подобро здравство, две години откако ветија, ништо не остварија. Наместо проекти и мерки им ја покачија цената на паркинг просторот на лекарите во клинички.

Образованието кое СДСМ се фалеше дека ќе го реформира брутално мипулирајќи илјадници млади е најголемата жртва на оваа власт. Две години откако ветуваа студентски град, ниту еден студентски дом не е поправен, а за градба не станува ни збор. Нема инвестиции ниту во основното, ниту во средното, ниту во високото образование. Младите се изневерени, наместо да ги вратат тие за кои тврдеа дека се иселени, го забрзаа трендот на иселување и сега гледаме цели градови како се празнат и остануваат без млади.

Зацрнето е и селото. Земјоделието е запустено. Оваа година немаше откуп и пласман за најголем дел од земјоделските производи, на нивите скапуваа бостанот, пиперките, доматите, зелката, пченицата, сливите и јаболката. Земјоделците во очај го фрлаа родот на буништата и ги сечеа дрвата. Трагедија и ужас.

Овој хаос мора да запре. Црнилата кои надвиснале над државата мора да бидат победени. Република Македонија не заслужува да живее во очај и црнило. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите незадоволни граѓани од оваа однародена власт на протестен марш во четврток, 20.12.2018 година со почеток од 19 часот од плоштад ВМРО до Владата на Република Македонија“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се исплашени од Божиновска, затоа што почна да открива каков се криминал правеле во РЕК Битола, ЕСМ и МЕПСО

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски