СДСМ: Мицкоски мислеше на своите хидроцентрали додека граѓаните осиромашуваа а производството на струја паѓаше

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Преку преповторување на стари, демантирани лажни вести, раководството на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно докажува во каков степен на безидејност и очај е западното.

Очигледно е дека успехот кој го бележат енергетските компании денеска е проблем за Хидро Мицкоски.

Додека граѓаните осиромашуваа, Мицкоски мислеше само на своите хидроцентрали. Кога тој беше на чело на ЕЛЕМ се увезуваше многу поскапа електрична енергија од странство, не се произведуваше доволно, а за граѓаните струјата ја поскапи за дури 100 отсто.

За разлика од тој неуспех на Мицкоски, денес Македонија произведува вишоци на струја, го продава вишокот електрична енергија и заработува. Мицкоски нека учи како се работи во енергетиката.
Пред околу 1 месец АД ЕЛЕМ и РЕК Битола јасно ги демантираа лагите кои ги ширеа порталите блиски до ВМРО-ДПМНЕ, а кои деновиве ВМРО-ДПМНЕ ги рециклира.

Исто така, јавно е познато дека правното лице СВ Инвест нема никаква деловна или каква било поврзаност со братот на премиерот и претседател на СДСМ.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема што да понудат освен деструкција, лажни вести и блокади преку кои сакаат да го одбранат криминалот на Никола Груевски“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Краците на Орбан и Вучиќ коишто водат до Мицкоски ќе се демонтираат

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он