Царинската управа отвори истрага против Александар Трајковски за неговото отсуство од работа

Од:

Царинската управа на Република Македонија отвори истрага против царинскиот службеник Александар Трајковски во врска со неговото отсуство од работа во Царинската управа.

Од царинскиот службеник побарана е изјава за отсуството од страна на инспектори од Секторот за професионална одговорност, и истиот го доставил Извештајот за привремена спреченост за работа, поврзан со неговото отсуство. Исто така, отворена е истрага и побарани се докази и извештаи од Фондот за здравствено осигурување.

Истрагата е поврзана со почитувањата на правилата за ред и дисциплина на Царинската управа, Законот за работни односи (член 81) и Колективен договор. За текот на истрагата и резултатите од можна злоупотреба на отсуството согласно актите на Царинската управа и законските прописи, медиумите ќе бидат навремено информирани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цариниците запленија златен накит вреден 1,5 милиони денари

Горан Наумовски

Цариниците најдоа злато скриено во чорапи на српско-црногорската граница

А1он

Фајненшл тајмс: Администрацијата на Трамп ќе воведе 100% царини за одредени лекови

Херојот од Палермо се повлече од фудбалската репрезентација

Катерина Ѓуровски

Царина: Oткриени 580 парчиња куршуми во автобус, двајца осомничени лишени од слобода

А1он

Александар Трајковски: Верувам во оваа екипа, се надевам ќе успееме да го повториме успехот од Палермо

А1он