СДСМ: Мицкоски е дел од оние кои сакаат да го поткопаат Договорот од Преспа и свесна работат против членство во ЕУ и НАТО

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на најавената интерпелација за Димитров од страна на Христијан Мицкоски.

„Заглавен во црнилата на Никола Греувски, Христијан анти НАТО Мицкоски работи спротивно на интересите на граѓаните и на Република Македонија.

Токму на денот кога од стратешкиот партнер на Македонија, САД, стигнуваат пофалби за досегашниот напредок на земјава, за евро-атланскиот интеграциски процес, кога стигнуваат охрабрувачки пораки за членството во НАТО и започнување на прегвори за членство во ЕУ, Мицкоски најавува нова, неоснована интерпелација.

Очигледно е, анти ЕУ Мицкоски е дел од оние кои сакаат да го поткопаат Договорот од Преспа, кои свесно работат против процесот за полноправно членство во ЕУ и НАТО, против врвните национални и државни интереси, против граѓаните.

Мицкоски нуди само деструкции, црнила, блокади и одбрана на криминалот на неговиот ментор Никола Груевски.

Залудни се обидите на Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ преку неосновани барања за интерпелација и преку протести за одбрана на криминалот, да ја закочат иднината, нема да успеат.

Македонија и нејзините граѓани ја победија деструктивната матрица на Груевски, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Македонија оди напред кон светла и сигурна иднина, кон членство во ЕУ и НАТО и нема враќање назад во црното минато“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица