Во Неготино денеска почна неделата на виното „Свети Трифун 2013“ во чест на верскиот празник кој важи за заштитник на лозарите. Во просториите на локалната самоуправа беа примени гости од Италија, Словенија и Бугарија на кои им беше презентирана неготинската општина, но беа претставени и општините од овие земји кои се партнери на Неготино во заеднички европски проект.
– Всушност станува збор за јавна промоција на проектен инфо билтен „Креирање на мрежа за европско вино, традиција, култура и експертиза” од Програмата Европа за граѓаните 2007-2013 година, информираше Лолита Ристова, проектен менаџер, инаку раководител на Одделението за локален економски развој при општината.
На агендата за денешниот ден се и дегустацијата на вина и ракии со натпреварувачки карактер од интернационални и локални винарии како и посета на грнчарска и копаничарска работилница и работилница за ракотворби во Неготино.