Кривична пријава за полициски службеник од Кавадарци кој уништил докази

Од:

Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против М.Е.(29) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “злоупотреба на службена положба и овластување“ и “спречување на докажување“.

Имено на 25 септември година во Полициската станица Кавадарци, пријавениот, како овластено службено лице-документарист – архивар во Полициската станица Кавадарци примил изготвена кривична пријава против С.Т. со прилог доказен материјал и тоа опојна дрога марихуана со извештај од вештачење за истата и мобилен телефон “Ајфон”, по што истиот не ја доставил кривичната пријава со доказниот материјал до Основното јавно обвинителство Велес, туку истиот ден пријавата со доказниот материјал го изнел од службените простории на Полициската станица Кавадарци и истите ги уништил со што спречил водење на кривична постапка.

Би можело да ве интересира

МВР: 222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 лишени поради безобѕирно возење

Франција ги менува правилата: Полицијата е невина додека не се докаже спротивното

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта