(ВИДЕО) Митрески: Сите пратеници да дадат поддршка за Буџетот, со него се обезбедува економски раст

Од:

Очекувам сите пратеници да дадат поддршка за усвојување на предлог Буџетот за 2019 година, затоа што Буџетот за 2019 година е домаќински, развоен и обезбедува повеќе пари во секое семејство, кај секој граѓанин, изјави Јован Митрески од СДСМ.

– Во 2019 година се очекува забрзување на раст на Бруто домашниот производ на 3.2 отсто, каде што позитивен придонес врз растот е предвидено да имаат домашната побарувачка, нето-извозот, како и капиталните инвестиции. Просечната нето-плата во следниот период ќе продолжи да расте и се очекува да изнесува 4,5 отсто на номинална основа. Проекцијата за раст на бројот на вработени во 2019 година изнесува 2,1 отсто, што ќе придонесе просечната стапка на невработеност да се намали историски минимум, на околу 20 отсто, рече Митрески.

Тој додаде дека со буџетот предвидено е зголемување на платите за 5 отсто за вработените во образованието, здравството, социјалната и детрска заштита, одбраната, полицијата, судството, културата. Зголемување на платите за 10 отсто е предвидено за лекарите специјалисти.

– Се реформира системот на социјална заштита. Со воведувањето на мерките гарантиран минимален приход и семеен пакет на права, лицата кои примаат социјална помош имаат можност да добиваат и до 300 отсто зголемена социјална помош. Создаваме можности, околу 60.000 деца да добиваат детски и образовен додаток. За првпат се воведува мерката „зелена нафта“ што значи дека земјоделските стопанства ќе добиваат поддршка до 30 отсто за набавка на нафта. Тоа ќе ги намали трошоците за производство и ќе останат повеќе пари кај земјоелците. Буџетот за 2019 година обезбедува повеќе пари за одбраната, за социјалната заштита, повеќе пари за инфраструктурни проекти, зголемена поддршка за компаниите. Истовремено, низ конструктивна дебата овде во Собранието, прифатени се 9 амандмани поденсени од опозицијата во вкупна вредност од 500.000 евра. Оттука, очекувам конструктивноста да продолжи и сите пратеници без разлика на која партија припаѓаат да го поддржат Буџетот за 2019 година што е во интерес на граѓаните, на државата и на економијата, рече Митрески.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година