Манчестер Јунајтед го отпушти Мурињо

Од:

Манчестер Јунајтед го отпушти тренерот Жозе Мурињо по поразот од Ливерпул викендов.

– Би сакале да му се заблагодариме за неговата работа во Манчестер Јунајтед и да му посакаме успех во иднина, стои во пораката на официјалниот сајт на Манчестер Јунајтед.

Тимот на Манчестер Јунајтед имаше слаб старт на сезоната во Премиер лигата, каде што заостанува дури 19 поени позади лидерот Ливерпул и пополека отпаднува од трката за првите четири места. Тие победија само еднаш во шест натпревари, играјќи нерешено со Саутемтон и Кристал Палас.

Односите меѓу Мурињо и директорот на Јунајтед, Ед Вудвард, се влошија откако клубот летово не купи централен дефанзивец. Клубот заклучи дека играчите кои Мурињо ги предложил не се подобрување на сегашниот состав.

Мурињо припремите за сезоната ги опиша како лоши, бидејќи голем број од првотимците одмарале по Светското првенство.

Во двете целосни сезони кои Португалецот ги помина во Манчестер Јунајтед тој ја освои Лигата на Европа и Лига Купот во сезоната 2016-2017. Тој заврши втор во Премиер Лигата минатата сезона и стигна до финалето од ФА купот.

Во периодот додека Мурињо беше на чело на Манчестер Јунајтед тимот потроши 365 милиони фунти на осум играчи.

Претходно, британските медиуми објавија дека во случај на отпуштање на тренерот, клубот ќе мора да плати надомест од 24 милиони фунти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нов менаџер, стари проблеми – Јунајтед освои само бод кај Ипсвич

А1он

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед сакаат Ван Нистелрој да остане

А1он

Новиот тренер на Јунајтед: Ми рекоа или ќе дојдеш веднаш, или воопшто нема да дојдеш!

А1он

Манчестер Јунајтед купи нов тренер за 10 милиони евра

Предраг Петровиќ

Јунајтед потроши 84 милиони евра на отпуштените менаџери

А1он

Тен Хаг доби отказ од Манчестер Јунајтед

А1он