Кривична пријава за скопјанец за пренесување дрога

Од:

Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Одделот за недозволена трговија со дрога при МВР до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против И.С. (45) од Скопје за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. Истражен судија му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Како што информира МВР, по претходно добиено сознание за можен транспорт на хероин, вчера 30 минути по полноќ, на граничниот премин Богородица полициски  службеници и службеници од Царинската управа, при влез во Македонија, извршиле преглед и контрола на патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски таблички управувано од И.С. (45). Тој патувал заедно со лицата Х.Ѓ. (47) и Х.Н. (24), двајцата од Скопје кои ги носел на здравствен преглед во Истанбул, Турција и ги искористил како покритие за патувањето.

По извршениот детален претрес и преглед на возилото, во внатрешниот дел на акумулаторот била пронајдена една ќеса обвиткана со алуминиумска фолија и самолеплива трака во која биле сокриени 330 грама непозната прашкаста материја. При прегледот на тркалата, односно во внатрешноста на четирите бандажи на наведеното возило, во специјално направени прегради-бункери дополнително е пронајдена  прашкаста материја со вкупна тежина од 4.355 грама или се вкупно биле откриени и запленети 4.685 грами хероин.

Според документираните сознанија на истрагата, И.С. во почетокот на годинава во Косово се сретнал со лице, косовски државјанин, кој му понудил да изврши транспорт на три килограми наркотична дрога хероин од Турција до Косово, за што на И.С. му биле исплатени  1.070 евра, а остатокот би го добил по извршениот транспорт.

За да го изврши транспортот на дрогата, на 6 овој месец И.С. изнајмил рент-а-кар  возило и заедно со патниците заминале за Турција. Таму И.С. се сретнал со косовскиот државјанин-нарачател на хероинот и со турски државјанин, при што им го предал рент-а-кар возилото заради изработка на специјален бункер, во кое била сокриена пронајдената дрога. По ова, возилото било вратено на И.С. кој заедно со Х.Ѓ. и Х.Н. се упатиле кон Македонија.

Пронајдената прашкаста материја е предадена на вештачење во Одделот за криминалистичка техника на Министерството за внатрешни работи, при што е констатирано дека се работи за наркотична дрога хероин со вкупно нето тежина 4.685 грама, кој на нарко пазарот при продажба на мало би достигнал цена од 500.000 евра. Полицијата презема дополнителни мерки и активности заради целосно расчистување на случајот, утврдување и кривично правно санкционирање  и  на други инволвирани лица.

Би можело да ве интересира

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Полициски претреси во Скопје и Куманово, запленета е голема количина на амфетамин, уапсени се неколку лица

Горан Наумовски

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски