ВМРО-ДПМНЕ: Заев се однесува како африкански монарх, кој сака да владее со новоформирана држава

Од:

„Македонското општество е во заложништво на аболицираниот Зоран Заев. Република Македонија две години е завиена во црнила кои ги донесе однародената и криминална власт на СДСМ. Македонија во моментов ги живее најмрачните денови во својата историја од осамостојувањето до денес, време кога власта на СДСМ се обидува да спроведе едноумие и да не врати во еднопартискиот систем од минатото.
Демократијата во држава две години е укината, а сите оние кои не се согласуваат со катастрофалните политики на власта се жртви на политички прогон, повикувања на информативни разговори, се соочуваат со притисоци и бркање од работа и политички монтирани случаи против нив.

Заев се однесува како африкански монарх, кој сака да владее со новоформирана држава, спротивно на волјата на народот. Тој бега од дебата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ знаејќи дека аргументите не се на негова страна, бидејќи Заев ги донесе црнилата кои надвиснаа над Македонија од моментот кога седна во премиерската фотелја.

Две години власт на СДСМ, две години неправди и национално омаловажување за македонските граѓани. Народот се соочува со економска деградација и осиромашување, бидејќи опстојувањето на власт на хунтата предводена од аболицираниот политичар Зоран Заев и нивото лично богатење е единствениот приоритет.

Власта не носи нови инвестиции, не отвора нови работни места. Капиталните инвестиции се на историски најниско ниво, а македонската економија е пред целосен колапс. Граѓаните тонат во сиромаштија, а власта е фокусирана единствено на полнење на буџетот преку повисоки даноци, буџет кој понатаму се испумпува преку криминални тендери и грантови кои завршуваат во џебовите на високи партиски и државни функционери на СДСМ.

Се ближи крајот на црнилата кои ги донесе власта на СДСМ. Зората е пред прагот, зората која ќе ја победи темнината. Зората се мнозинството на граѓани кои се спремни да се борат со оваа криминална власт. Зората ќе ја донесат граѓаните на следните претседателски избори, кога овие црнила ќе бидат поразени“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се исплашени од Божиновска, затоа што почна да открива каков се криминал правеле во РЕК Битола, ЕСМ и МЕПСО

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски