Над 60 загинати при американски воздушни напади во Сомалија

Од:

Најмалку 60 лица загинаа при шест американски воздушни напади врз позиции на терористичката група Ал Шабаб во Сомалија,

Како што соопшти денеска Африканската команда на Вооружените сили на САД, при нападите, извршени во реонот Гандарше, јужно од сомалискиот главен град Могадишу, биле убиени 62 екстремисти на Ал Шабаб.

Во соопштението се наведува дека четири од воздушните напади биле извршени во саботата, при што биле ликвидирани 34 терористи.

Останатите два напада бил извршени во текот на вчерашниот ден, при што биле убиени 28 припадници на Ал Шабаб.

Според американскитеВвооружени сили, при воздушните напади, спроведени во координација со сомалиската Влада, нема настрадани цивили.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски