ВМРО-ДПМНЕ: Власта нема да реализира ниту една мерка против загадувањето, граѓаните ќе дишат нечист воздух

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Миле Бошњаковски, портпаролот на Владата.

„Владата која веќе 2 години ја зацрнува држвата, денес кажа дека нема да преземе ништо против загадувањето на воздухот. Граѓаните и оваа зима ќе дишаат нечист воздух, а власта нема да реализира ниту една мерка да ги ублажи последиците.

Граѓаните 2 месеци дишаат загаден воздух со присуство на канцерогени честички неколкукратно над дозволеното.

Скопје 2 месеци е меѓу десетте најзагадени градови во светот, додека најзагаден град во Европа.

СДСМ потроши 7 милијарди евра за две години, а ниту денар од тоа не даде за подобрување на аерозагадувањето.

СДСМ ја зацрни државата, дадоа безброј ветувања, а ниту едно реализираа. Токму затоа оваа власт мора да си замине. Зората мора да изгрее. Македонија мора да тргне напред“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази стана џелат на правдата и ги спасува криминалците од СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт