СДСМ: Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за иселување, кога нивното владеење беше симбол за масовно иселување

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференција на Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Крајно лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за иселување, кога токму нивното криминално владеење беше симбол за масовно иселување на граѓаните.

За 11 години на владеење на ВМРО-ДПМНЕ над половина милион граѓани буквално беа протерани од Македонија не можејќи да го издржат криминалниот режим на Никола Груевски и неговите соработници.

Погубните политики, ниските плати, разрушената економија и селективната правда беа одлика на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и главни причини поради кои граѓаните се иселуваа.

Наспроти таквата црна слика што зад себе ја остави ВМРО-ДПМНЕ, денес Владата предводена од СДСМ е посветена на спроведување на мерките што обезбедуваат подобар живот за сите

Растот на минималната и просечната плата, намалувањето на невработеноста, растот на БДП и рекордниот износ на странски инвестиции, се само дел од економските показатели кои ја потврдуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.

Гаранцијата за млади, зголемените средства за ученички и студентски стандард, зголемениот опфат на мерката за неповратни 10.000 евра за поддршка на младите земјоделци, зголемената поддршка за нови бизниси и самовработување се само дел од мерките што Владата ги презема во интерес на младите и нивно задржување во државата.

Времето на црнила поради погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ заврши со заминувањето на оваа партија во опозиција.

Македонија чекори напред кон развој, интеграција и подобра живејачка за сите“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Гостивар повеќе од четири недели е без чиста вода, Владата молчи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штерјова: Дата-центрите ризик за водата, струјата и сметките на граѓаните

СДСМ оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак

Горан Наумовски

СДСМ: Дали и Савески е на екскурзија?

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ