Австралија ќе го признае Западен Ерусалим за престолнина на Израел, но нема да ја премести амбасадата

Од:

Австралија ќе го признае Западен Ерусалим како главен град на Израел, но нема да ја премести својата амбасада во земјата, додека израелско-палестинскиот конфликт не се реши по мирен пат, изјави австралискиот премиер Скот Морисон.

Морисон посочи дека Австралија ќе го признае Источен Ерусалим како главен град на палестинската држава само кога ќе се најде мирно решение засновано на соживот на две држави.

Во меѓувреме, австралиската амбасада во Израел ќе остане во Тел Авив.

Претходно, новиот австралиски премиер рече дека неговата земја треба да го следи примерот на САД и да ја премести својата амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим.

Аналитичарите го оценија тоа како циничен обид да освои гласови за изборите во октомври за едно место во Парламентот од област во Сиднеј со големо еврејско население.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

ВИДЕО: Авион со заглавени тркала слета на аеродром во Австралија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски