Русија ја совлада Романија со 28:22 (16:15) на Европското првенство за жени и се пласираа во финалето, кое е на програма во недела.
Романките настапија без својата најдобра ракометарка Кристина Неагу но сепак одиграа добро прво полувреме и дуеи водеа со три разлика. На полувреме сепак избраничките на Евгениј Трефилов заминаа со водство од еден гол, а во продолжението од мечот Русинките доминираа предводени од одличната Вјахирева.
Токму таа беше најпрецизна кај победничкиот тим со 13 погодоци, а кај Романките најефикасна беше Драгут со четири.
Во финалето Русија ќе го чека подобриот од мечот меѓу Холандија и домаќинот Франција.