СДСМ: Мицкоски да каже зошто е против ЕУ и НАТО и да ја понуди алтернативата

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Христијан Мицкоски треба да се охрабри и да каже јасен став, зошто е против ЕУ и НАТО?

Наместо да врти од околу, да се крие зад портпаролите и да одбегнува одговори, Мицкоски да каже која е алтернатива за членството во најмоќните сојузи ЕУ и НАТО, за да може да учествува на ТВ дуел.

ТВ дуелот подразбира соочување на ставови. Крајно несериозно е Мицкоски да повикува на телевизиско соочување, а при тоа да нема јасен став за најважните прашања за иднината на Македонија.

Мицкоски охрабри се, кажи јасен став!

Заробен во темната матрица на неговиот ментор Никола Груевски, Мицкоски единствено стои во заштита на неговиот криминал и се профилира како анти ЕУ и анти НАТО“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јавноста мора да знае кои клиники и доктори правеле непотребни операции

Александар Трајановски ќе биде предложен за нов потпреседател на СДСМ

Катерина Ѓуровски

Опозицијата да не држи прес конференции со прашања, да достави докази и порача Мицкоски на СДСМ

Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта, дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага, прашува СДСМ

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски