Премиерлигашот Манчестер Јунајтед прави сé што е можно за да го убеди голманот Дејвид Де Хеа да го продолжи договорот, објави „The Sun“.
Според изворот Манчестер Јунајтед е подготвен да го направи 28-годишниот Шпанец најплатен голман на светот.
На Де Хеа му е понуден договор со плата од 445 илјади евра неделно или 21 милион евра годишно.
Сегашниот договор на чуварот на мрежата на Јунајтед истекува на крајот на летото 2019 година.