Трамп може да го именува својот зет за шеф на кабинетот на Белата куќа

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста да го именува својот зет, Џаред Кушнер, за нов шеф на кабинетот на Белата куќа, јави „Хафингтон Пост“.

Повикувајќи се на свои извори, изданието наведува дека иницијатор на ова назначување е самиот Кушнер, сопруг на постарата ќерка на претседателот, Иванка Трамп, кој бил убеден дека „одговара за таа функција’.

„Хафингтон пост“ тврди дека средбата на Кушнер со Трамп на која се разговарало за номинацијата се одржала вчера.

– Кушнер, кој е постар советник на претседателот, го уверил Трамп дека е спосебен да работи со претставниците на Демократската партија, но и посочил дека има искуство во донесување на реформи во кривичниот законик на САД, наведува изданието.

Функцијата шеф на кабинетот на претседателот ќе остане празна до крајот на годинава, кога од таа позиција заминува Џон Кели.

Друг можен кандиндат за функцијата кој Трамп го разледуваше беше Ник Ајерс, но таа варијанта сепак отпадна.

Трамп неделава потврди дека Белата куќа активно бара раководител на кабинетот на Белата куќа и дека се разгледуваат пет најсериозни кандидати за оваа функција.

– Сега водиме разговори со нив, изјави Трамп.

Покрај Кушнер, друг серизен кандиндат за оваа позиција е Крис Кристи, актуелен гувернер на американската сојузна држава Њу Џерси.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија