Харадинај: Моменти не делат од формирањето војска на Косово

Од:

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, во пресрет на денешното гласање во Собранието за формирање војска на Косово, порача дека идните оружени сили на земјата „секогаш ќе бидат таму каде што се штити животот, достоинството и интегритетот на човекот“.

Непосредно пред собраниската седница на која ќе се гласа за законите со кои сегашните Безбедносни сили (ФСК) се трансформираат во војска на Косово, Харадинај на својата страница на Фејсбук напиша дека моменти го делат Косово од историскиот настан.

– Уште неколку моменти не делат од историското гласање за создавањето војска на Косово. Денеска, кога ние остваруваме едно природно право, ветуваме дека ќе чекориме напред во мир, со сите кои живеат со нас, во нашиот заеднички дом. Со намерата да станеме дел на НАТО-пактот, нашата војска секогаш ќе биде таму каде што се штити животот, достоинството и интегритетот на човекот. Таму каде што ни е местото, засекогаш!, напиша Харадинај.

Собраниската седница на која ќе се гласа за пакетот закони со кои се формира косовската војска е закажана за во 10 часот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски