ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ целосно загуби допир со реалноста, во ЕУ не се оди со криминал и корупција

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Костадин Костадинов од СДСМ.

„Црниот СДСМ целосно изгубил допир со реалноста. Партијата која ја зацрни државата шири манипулации и невистини.

Иднината за Македонија со СДСМ НЕМА! И тоа го знаат и самите тие, но најбитно од се тоа го знаат граѓаните! Со СДСМ на власт економијата е зацрнета, здравството девастирано, образованието деградирано, а владеењето на правото само мртво слово на хартија.

Во ЕУ не се оди со криминал и корупција. Во ЕУ се оди со работа, реформи и постојан раст на сите полиња, со цел подобрување на живеачката на граѓаните.

Живеачката во Република Македонија е влошена, трошоците за живот зголемени, платите ниски, а економијата на дното. Ова е црнилото во кое западнала државата поради СДСМ. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите незадоволни граѓани од оваа ненародна власт да излезат со нас на протестните маршови ширум државата“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Разрешени се Стоилев и Стоиловски од партиските функции, на Конгресот ќе присуствуваат 800 делегати

Горан Наумовски

Филипче поставува кадри кои се сметаат за блиски до кланот Заеви, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Андоновска: Без оставка на Филипче, СДС нема иднина

А1он

Андоновска: СДС нема иднина се додека Филипче е на чело на партијата

А1он

Јаревски: Стевчо Јакимовски е алиби мајстор кој се плаши од ревизија бидејќи е свесен дека ќе излезат на виделина злоупотребите што ги правел

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Горан Наумовски