Американскиот Сенат усвои Резолуција за запирање на воената поддршка за Саудиска Арабија во Јемен

Од:

Американскиот Сенат усвои Резолуција со која се повикува претседателот Доналд Трамп да ја запре поддршката за учесниците во вооружениот конфликт во Јемен. Сенаторите го усвоија документот со 60 гласа „за“ и 39 „против“.

Во Резолуцијата се наведува дека единствен исклучок треба да бидат операциите во регионот против терористичката група Ал Каеда. Американските медиуми коментираат дека усвојувањето на Резолуцијата е симболично, бидејќи не се очекува Претставничкиот дом годинава да расправа за неа, а Трамп се закани со вето.

Во Јемен, од август 2014 година, се води судир меѓу владините сили и бунтовниците Хути. Конфликтот влезе во својата најактивна фаза во март 2015 година, кога во него се вмеша коалицијата предводена од Саудиска Арабија. Во јеменскиот конфликт, Ријад ја ужива поддршка од САД.

Според Јеменскиот центар за права и развој од пролетта 2015 година во земјата се убиени повеќе од 10.000 цивили, вклучувајќи околу 2.400 деца и близу 2.000 жени. За овој период, 18.500 Јемен се ранети.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија