ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните стануваат свесни за пропаста што ја донесе Заев во овие две години

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Костадин Костадинов од СДСМ.

„Аболицираниот за криминал Зоран Заев е целосно збунет и дезориентиран, па го поврзува и тоа што не може да се поврзе.

Аболицираниот Зоран Заев прави се само за да го одвлече вниманието на граѓаните од актуелните црнила, криминалот и корупцијата во кој што ја втурна Македонија.

Помош за него веќе нема бидејќи граѓаните секојдневно стануваат се посвесни за пропаста што ја донесе овие две години. Единствен начин за да се спаси државата е неговото заминување.

По последната изјава на неговиот мегафон Костадинов сериозно се поставува дилемата дали и претставниците на СДСМ сами веруваат во она кое го читаат.

СДСМ е деструктивен фактор во државата, и со своето неработење и неспособност ги загрозуваат нашите ЕУ интеграции. Услов за влез во ЕУ се владеењето на правото, департизираните институции, развиеното земјоделие, образование и здравство, се тоа се сектори кои оваа ненародна власт ги девастираше.

Зоран Заев е единствен во светот политичар кој е трипати аболициран за криминал.

Зоран Заев и картелот околу него се пример за криминогени политичари кои во 21 век извршуваат државни функции во современа Европа. Овој преседан ќе биде изучуван во идните учебници за политички системи, веројатно под некоја глава како криминално картелско управување со држава.

Зоран Заев е човекот во чие време се прислушувани обвинители и судии. Зоран Заев е човекот кој додека е премиер правната држава е незамислив поим за Република Македонија, токму затоа Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои не се согласуваат со оваа ненародна и деструктивна политика на СДСМ и Заев да се придружат на денешниот протест во 17 часот од плоштадот ВМРО до Владата на Република Македонија“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Стојаноска: Со Предлог буџетот за 2026-та година се подобруваат социјалната заштита и пензиите

Бојковска: Овој Предлог-буџет ги поддржува студентите и создава услови кои младите ги заслужуваат

ВМРО-ДПМНЕ: Разрешени се Стоилев и Стоиловски од партиските функции, на Конгресот ќе присуствуваат 800 делегати

Горан Наумовски

Филипче поставува кадри кои се сметаат за блиски до кланот Заеви, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Андоновска: Без оставка на Филипче, СДС нема иднина

А1он

Андоновска: СДС нема иднина се додека Филипче е на чело на партијата

А1он