Седумдесет отсто од жителите во Вардарски регион се регистрирале за е-персонален данок во УЈП

Од:

За е-персонален данок во УЈП се регистрирале 70 отсто од жителите во Вардарски регион. Станува збор за даночни обврзници од Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија и Велес, кои ја извршиле својата законска обврска.

За ова денеска информираше Менче Шалева, од даночното одделение во Кавадарци. Таа апелираше до сите кои покрај плата, остваруваат и дополнителни приходи, најдоцна до крајот на оваа година, да се регистрираат во системот на УЈП.

-Секое физичко лице кое во текот на 2018 година остварило приходи кои подлежат на оданочување со персоналниот данок на доход, како што се плата, регрес за годишен одмор, приходи од закуп, од дивиденда, од добивки од игри на среќа, од странство и/или други приходи, треба да се регистрираат во системот, рече Шалева. Притоа ја појасни процедурата, како еден даночен обврзник може да ја изврши регистрацијата.

-Заклучно со утринава, на ниво на Македонија регистрирани се 463.387 лица. Регионална дирекција Прилеп има регистрирано 65.362 лица, а овде влегуваат и тие од Вардарскиот регион, соопшти таа, нагласувајќи дека доколку граѓаните не се во можност да го отпечатат барањето за регистрација, тоа можат да го направат во Управата за јавни приходи.

Би можело да ве интересира

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа