На Балканското првенство кое неодамна се одржа во Дубровник, Хрватска членовите на карате клубот „Маваши“ од Кисела Вода, Марта Димковска во кадетска конкуренција до 54 кг. и Стефан Апостоловски У21 до 67 кг. си обезбедија пласман на Европско првенство кое следната година од 7 до 10 февруари ќе се одржи во Данска.
Димковска на ова натпреварување постигна одлични резултати, додека Апостоловски во четвртото коло за влез на финалниот натпревар изгуби од Светскиот првак од Хрватска и во репасаж го освои третото место, со што младите каратисти си обезбедија директен влез на Европско првенство.
Пред овој голем успех младите каратисти Марта Димковска и Стефан Апостоловски на државното првенство за кадети – јуниори У12 ги освоија првите места, кои ги однесоа на Балканското првенство кое беше критериумско за пласман на големото европско натпреварување. За овие успеси најзаслужен е тренерот на КК „Маваши“ Димче Савевски.