СДСМ: Опседнат со црнила, Мицкоски им наметнува црнила и на младите од неговата ВМРО-ДПМНЕ

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на изјавата на Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ.

„Опседнат со црнила, Христијан Мицкоски им наметнува црнила и на младите од подмладокот од неговата ВМРО-ДПМНЕ.

Подмладокот на Мицкоски ја погрешило адресата, црните лампиони треба да ги закачат во скапоцениот дворец на најбогатата партија во Европа и токму во неговиот кабинет, на Мицкоски, бидејќи таму најдобро прилегаат. Тоа е адресата за сите 11 годишни црнила во којашто беше завиена државата, црнила кои беа силно поразени од граѓаните.

Најголемото црнило беше 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога младите беа целосно заборавени, маргинализирани и игнорирани. А во тоа црнило светлина единствено гледаше раководството на ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот советник на Груевски, Христијан Мицкоски, кога впрочем и ги добил бизнисите со хидроцентралите.

За разлика од таквиот однос на антинародното ВМРО-ДПМНЕ, денес, Владата предводена од СДСМ гради партнерски однос со младите и гради квалитетни младински политики.

Гаранцијата за млади, зголемените средства за ученички и студентски стандард, зголемениот опфат на мерката за неповратни 10.000 евра за поддршка на младите земјоделци се само дел од мерките превземени во интерес на младите“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството молчи за нападот на младите во Ново Село, а насилниците од ВМРО се познати

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поповиќ: Граѓаните на Гостивар бараат чиста вода и одговорност, Савески не сака да реагира

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар повеќе од четири недели е без чиста вода, Владата молчи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штерјова: Дата-центрите ризик за водата, струјата и сметките на граѓаните

СДСМ оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак

Горан Наумовски