Министре Тевдовски, до кога ќе го практикувате овој арогантен однос кон Собранието? Ја напуштате дебатата без збор. Со овие зборови пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски му се обрати на Министерот за финасии, откако тој рече дека мора да ја напушти седницата и да замине на седница на Влада.
Тевдовски од нога, на излегување го сослуша Димовски, на инсистирање на претседателката на комисијата, Лилјана Кузмановска.
„Предлагате закон кој е во доменот на левичарското фантазирање и не ви трепка око. Демек ви било гајле за јазот меѓу богатите и сиромашните, продавање пуфки“, рече Димовски.
Тевдовски не одговори на прозивките од пратеникот, пред да замине само рече дека од тука натака на прашањата ќе одговара неговата заменичка, Ширлете Елези.
Габриела Димковиќ-Мишевска