Лисица во Лондон влегла во соба во која спиело едномесечно бебе и му го одгриза прстот.
Мајката на бебето била во соседната соба и веднаш дошла откако бебето почнало да плаче, но пред да ја фати лисицата таа речиси му го проголнала прстот.
Бебето е веднаш пренесено во болница, каде лекарите му го сошиле прстот.
Лисицата детето го изгребала и по лице, но е во добра состојба и заздравува.
Лондонскиот градоначалник Борис Џонсон изјави дека се надева дека момчето ќе биде добро и нагласи дека власта мора да се соочи со проблемот и да ја протера лисицата од градот.