ВМРО-ДПМНЕ: Владата за две години потроши 7 милијарди евра, а ниту денар од нив не беа за почист воздух

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагира на Донаторскиот состанок на кој беше презентирана владината програма за намалување на аеро-загадувањето.

„Скопје тоне во загаден воздух. Нивото на канцерогени ПМ10 честички е неколкукратно над дозволеното, а власта две години ништо не презема, ниту една мерка или проект не беше спроведен од оваа власт, ниту денар не е одвоен од буџетите во износ од скоро 7 милијарди евра.

Скоро 7 милијарди евра од буџетот на државата за две години се потрошени, на се и сешто, само за намалување на загадувањето не. Власта се луксузира и купува скапи автомобили, дава 1.6 милиони евра за набавка на лубриканти, над 700 илјади евра за цвеќиња и кафе, илјадници евра на морски плодови и апетисани, а ниту денар за почист воздух.

Срамота и крајно безобразие е во услови кога се трошат милиони на непотребни работи и луксузи преку донаторски конференции да се собираат пари за аерозагадувањето. Даночните обврзници од кои бараат донации веќе преку плаќањето на даноци го дале својот допринес во буџетот, од кој треба да се издвојуваат пари за аерозагадувањето, а не тие пари да се трошат расипнички, за потоа однова да се бара пари од бизнис заедницата во вид на донации.

Власта која ја зацрни државата не знае да менаџира со буџетот, парите од истиот ги троши несразмерно и нецелисходно.

Власта троши пари за се, само за проекти за здравјето и доброто на граѓаните не. Власта е целосно неспособна и затоа мора да си замине. Мора да ставиме крај на црнилото. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои сакаат што побргу да заврши оваа мрачна епизода наречена СДСМ да ни се приклулат на протестниот марш во среда во Скопје, со почеток од 17 часот од плоштад ВМРО до владата на Република Македонија“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Со што и за што го држи Бугарија раководството на СДСМ

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

(ВИДЕО) Манасиевски: Неспособноста на Филипче и СДС се покажа во ковид кризата