Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на вчера во периодот од 06,00 до 22,00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.
„Шест возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место, а 47 возачи ја пречекориле брзината во населено место. Издадени се 53 мандатни налози. Откриени се и 45 останати прекршоци за кои се издадени 25 мандатни платни налози и 20 прекршочни платни налози“, соопшти МВР.