Сообраќајот се одвива тековно во зимски услови

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег.

По клисурите и усеците, како што соопшти Јавното претпријатие „Македонија пат“ можна е зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Кочани-Делчево, Виница-Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на „Македонија пат“ се на терен, редовно ги контролират и одржуваат проодни сите патни правци.

Би можело да ве интересира

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози