Сите урбанистички планови на Општина Центар достапни за јавноста

Од:

Општина Центар е првата општина во Македонија која го воведе Географскиот Информациски Систем (ГИС) и од воведувањето, услугата е достапна и корисна за сите заинтресирани кои сакаат да се информираат за урбанистичкото планирање на општината.

ГИС порталот на Општина Центар ги содржи сите важечки детални урбанистички планови и овозможува графички преглед и пребарување на просторните податоци. Покрај деталните урбанистички планови, градежните и катастарските парцели, постои можност за пребарување по слоеви на градежни и катастарски парцели. Во зависност од потребата, слоевите можат да се вклучуваат или исклучуваат.

Почетна страна на ГИС портал на Општина Центар
Потребни податоци за регистрација

Со ГИС порталот се овозможува детален преглед на деталните урбанистички планови: намената на гра¬дежните парцели, површината за градење, катноста, процентот на изграденост, изработувачот на планот, годината на донесување, но и можност за нивно превземање во .dxf формат.

Со само неколку чекори, ГИС порталот овозможува директно учество во постапката за изработување на деталните урбанистички планови. Регистрираните корисници на порталот мо¬жат навремено да бидат информирани за деталите околу организирањето на јавна анкета за конкретен де¬тален урбанистики план.

Алатка за внесување на точки од интерес

Со примена на ГИС порталот се олеснува пристапот до податоци на граѓаните, а воедно се за¬ште¬дува и времето потребно да се дојде до потребна информација со која располага оваа те¬хно¬логија.

За поголема транспарентност пред граѓаните, општината работи на надградување на ГИС порталот со податоци за урбаната опрема: улично осветлување, канти, клупи, шахти и сли¬чно, со што ќе се овозможат поголеми и подобри услуги, подобрена и побрза комуникација со гра¬ѓаните, но и поголема ефикасност во работењето на службите на општината.

Подетални информации за регистрирање и користење на услугата има во приложеното Упатство за ГИС ПОРТАЛОТ на веб страната на општината: centar.gov.mk.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила