ВИДЕО: Заев на Конгрес на ПЕС, средба со претседателот на унгарските социјалисти Тот

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и премиер, Зоран Заев, во рамките на дводневната работна посета на Португалија, учествуваше во работата на Конгресот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), заедно со пратеничката и членка на СДСМ Јагода Шахпаска.

За време на конгресните активности, Претседателот на Владата на РМ и претседател на СДСМ Заев оствари средба со Берталан Тот, претседател на сестринската Социјалистичка партија на Унгарија (MSZP).

Ова беше прва средба која двајцата соговорници ја искористија за запознавање, и на која Претседателот на Владата на РМ и претседател на СДСМ на Тот, му го честиташе изборот за претседател на унгарската социјалистичка партија, со која СДСМ споделува заеднички вредности и визија за обединета и прогресивна Европа, како фер, слободна и одржлива.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев ја пренесе благодарноста на граѓаните во Република Македонија за поддршката што Унгарија ја дава за интеграцијата на Република Македонија во ЕУ и НАТО, и истакна дека соработката и поддршката меѓу двете држави и народи, е само потврдена и продлабочена со соработката меѓу двете сестрински партии СДСМ и СПУ.

Двајцата соговорници се согласија дека владеењето на правото е темелна вредност на ЕУ.

„Очекуваме да продолжи конкретната поддршка за зајакнување на владеењето на правото, и дека унгарските институции ќе постапат согласно европските начела и меѓународните конвенции, и дека ќе обезбедат екстрадиција на Никола Груевски“, рече премиерот Заев на средбата со Претседателот на сестринската Социјалистичка партија на Унгарија (MSZP), остварена за време на Конгресот на ПЕС во Лисабон.

Би можело да ве интересира

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+