Одбележана 10-годишнината од Одделението за превенција при СВР – Охрид

Од:

Со пригодна средба СВР – Охрид денеска го одбележа 9 Декември – Денот на превенцијата и превентивното полициско работење. Оваа година навршуваат десет години од оформувањето на Одделението за превенција при СВР – Охрид како активност насочена кон превентивната работа на полицијата и на нејзината транспарентност.

Во основата на превентивното работење лежи потребата од дијалог на полициските службеници и граѓаните, со цел лоцирање и идентификување на безбедносните проблеми во локалната заедница и изградба на заеднички (тимски) ефикасен систем за заштита од криминалот. Истовремено, тоа е обид за градење на партнерство со граѓаните во решавањето на локалните безбедносни проблеми и изнаоѓање најдобри решенија со кои би се намалила стапката на криминалитетот, би се спречувале штетните последици по граѓаните и општеството, а воедно во насока на подобрување на целокупната безбедносна состојба.

Концептот на превентивната полициска работа претпочита спроведување на законите врз база на проекти и програми за соработка на полицијата со граѓаните и нивна практична имплементација.

Во своето проактивно полициско работење, СВР – Охрид во соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, Мисијата на ОБСЕ, со локалните самоуправи и со низа други институции на локално ниво, реализира повеќе проектни активности, како „Соседска патрола“, „На кафе кај соседите“, „Нови згради нови жители“, „Бизнисот и безбедноста“, „За спортот заедно“, „Полицијата и граѓаните заедно“, „Почитувај ја различноста, Да ги заштитиме децата во соообраќајот“, „Превенција од дрога, алкохол и цигари“„, Безбедни матурски и полуматурски вечери“, „Безбедни училишта“, „Стоп на насилството“, „Превенција од кражби на плажа, од моторни возила, на паричници“, “Безбедност на вода и други.

Началникот на СВР – Охрид, Сашо Смилески на градоначалниците на општините Охрид и Дебарца, Јован Стојаноски и Зоран Ногачески, како и на претставниците на образовните центри и на други партнери при спроведувањето на превентивните кампањи, им додели благодарници за успешната соработка.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец