АВМУ и РЕМ од Србија договорија продлабочување на соработката

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Регулаторното тело за електронски медиуми на Република Србија (РЕМ) денеска во Белград, договорија продлабочување на меѓусебната соработка и зголемена размена на добри практики во областа на медиумската регулација.

Претставниците на двете Агенции разговараа за искуствата поврзани со доделување, престанок на важноста, одземањето и продолжувањето на дозволите за телевизиско и радио емитување, постапката за изрекување мерки при повреда на регулативата, како и за нивните надлежностите за време на избори. Посебен акцент беше ставен на активностите на регулаторите за обезбедување пристап до медиумите на лицата со сетилна попреченост.

На крајот на средбата беше констатирано дека билатералните односи се од исклучително значење и дека со ваквата пракса треба да се продолжи и во иднина.

Би можело да ве интересира

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

Актерите на „Ателје 212“ бараат оставка од Љубиша Ристиќ

РИК обработи 8.077 избирачки места: „Студентска листа“ освојува 52,54 отсто, а „Обединета Србија“ 39,29 отсто

Фон дер Лајен и Коста ѝ честитаат на Студентската листа за изборната победа

Горан Наумовски

Странските медиуми за пoразот на Вучиќ: „Сеизмички потрес на Балканот“

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети