Триесет и девет возачи изминатото деноноќие возеле побрзо од дозволеното, а тројца во алкохолизирана состојба. Од сообраќај, покрај алкохолизираните возачи, исклучени се и седум возачи кои возеле пред да се стекнат со правото за управување со моторно возило и еден возач почетник.
Според полицискиот билтен, изминатите 24 часа се случиле вкупно шест сообраќајни незгоди во кои со лесни телесни повреди се здобиле седум лица. Во две сообраќајки е причинета материјална штета.
Од сообраќај се исклучени и девет нерегистрирани возила, а 13 возачи не носеле сигурносен појас и шест возачи немале соодветна зимска опрема во возилата. Издадени се и 71 казна за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 72 возила.
На црвено светло поминале тројца возачи, а двајца не им дале предност на минување на пешаци на обележан пешачки премин.
Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со општина Карпош и Црвениот крст на Град Скопје во 12 часот пред платото на „Сити мол“ ќе одржи симулациска вежба за укажување прва помош на здобиени повреди при употреба на пиротехнички средства со цел започнување на кампањата „За срежна и безбедна 2019“ и одбележување на Денот на превенција.