Стивен Сигал повикан да обучува доброволци кои ги заштитуваат училиштата во Феникс

Од:

Самопрогласениот “Најцврст шериф во Америка” ги здружува силите со актерот Стивен Сигал во обука на волонтерска полициска единица која ги штити училиштата во областа Феникс, во сојузната држава Аризона.

Окружниот шериф на Марикопа, Џо Арпајо, објави контроверзен план, по убиствата кои се случија во декември 2012 година, во училиштето во Конектикат.

Канцеларија на шерифот соопшти дека Сигал, актерот познат по своите улоги во филмовите “Нико – Над законот” и “Под опсада”, ќе покажува тактики на борба без оружје и други техники, во кои ќе се потпира на своето искуство со боречките вештини.

Лидерот на демократското малцинство во парламентот на Аризона, Чад Кембел го нарече планот смешен.

Тој од тоа прави пародија. Зарем филмски актер ќе ги обучува луѓето да ги заштитуваат училиштата?праша  Кембел.

 

Претседателот на здружението, “Граѓани за подобра Аризона”, Ренди Параз, рече дека жално е што шерифот, кој во земјата е познат по цврстиот став во врска со илегалната имиграција, се служи со убиствата во Конектикат за да го привлече вниманието на медиумите.

 

Во јануари, испратени се патроли во околу 59 училишта. Шерифот оваа недела објави дека му требаат повеќе членови за да продолжат со нивната активност и повика 1.000 граѓани да се пријават како волонтери.

 

– Волонтерите носат униформи и  возат патролни автомобили, а некои од нив по обуката добиле овластување да носат оружје. Тие нема да влегуваат во училиштата, освен ако не забележат опасност, но ќе патролираат околу зградите – рече Арпајо.

 

Тој рече дека и други значајни личности се приклучиле на волонтерската полициска единица, која има повеќе од 3.000 членови. Меѓу нив е и ѕвездата на “Hulk” Лу Ферињо и актерот Питер Лупус, ѕвездата од серијата “Невозможна мисија”.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украински ММА борец, победи Американец во Лас Вегас и скандираше: Русија, Русија

Пукање за време на средношколски натпревар во САД, тројца повредени, двајца уапсени

Горан Наумовски

Пентагон нареди распоредување на систем за противвоздушна одбрана со долг дострел на Блискиот Исток

Трамп: Џејмс Коми е најлош директор на ФБИ досега

САД повикуваат на воздржаност пред утрешниот протест на опозицијата во Тирана

Крис Еванс најави нов портал за политика