Промоција на добитници и потпишување договори за доделување кофинансирани грантови за технолошка екстензија од првиот јавен повик на Фондот за иновации и технолошки развој, ќе се одржи денеска во Медија центарот на Владата.
На промоцијата ќе се обратат вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, директорот на Светска Банка за Македонија и Косово, Марко Мантованели, директорот на Фонд за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, како и претставник на еден од добитниците на грант за ко-финансирање.