На јавната расправа за уставните амандмани денеска зборуваше и професорот, Владо Поповски кој предложи во Преамбулата, во новиот текст веднаш по граѓаните на Република Северна Македонија да стои македонскиот народ.
Прецизирањето македонски народ според Поповски е затоа што граѓаните на Република Македонија не се национален државен субјект туку се колективен субјект кој се бори за своја држава. Според Поповски треба да стои и „граѓани кои се дел од албанскиот, турскиот, влашкиот, бошњачкиот и ромскиот народ, а не како што досега стоеше „граѓани кои живеат во нејзините граници“.
Тој бара во Преамбулата да стојат и решенијата од АСНОМ кои имаат конститутивно значење, а не да се употребува Прогласот, бидејќи тој, според него, е само информација.
Галена Николовска-Ризвановиќ