Драстичен пад на бројот на жртвите на терористички напади

Од:

При терористички напади во светот лани загинале вкупно 18.814 лица, што претставува намалување за 27 отсто во однос на претходната година, се наведува во денеска објавениот извештај на сиднејскиот Институт за економија и мир.

Во документот насловен „Гобален индекс на тероризмот“ се истакнува дека трета година по ред се бележи намалување на бројот на жртви на терористичките напади.

Бројот на загинати при терористички напади во Западна Европа е намален за над 50 отсто од 168 во 2016-та, на 81 во 2017 година.

Прелиминарните податоци за 2018 година покажуваат дека ова тенденција продолжува, бидејќи во Западна Европа од јануари до октомври годинава се регистрирани помалку од 10 жртви на активности на терористите, се посочува во извештајот, изработен врз основа на податоци на Универзитетот во Мериленд.

Според раководителот на Институтот, Стив Килела, ваквите податоци се резултат на воените порази на терористичката група Исламска држава (ИД), со што таа ги загубила своите капацитети за организирање напади.

– Зголемените потенцијали на антитеростичките единици заедно со користењето на најдобрите техники за следење, исто така придонесоа за драстичен пад на бројот на жртвите на тероризмот во Европа, додаде Килела.

Според Институтот, во пет земји – Авганистан, Ирак, Нигерија, Сомалија и Сирија, се регистрирани по над илјада жртви во 2017 година, а во 19 земји при терористички нпади биле убиени по над сто лица.

Најмногу терористички напади лани имало во Авганистан и тоа 690, од кои во 434 цели биле припадници на полициските и армиските сили, а во 256 – цивили. Во 2016 година најмногу терорисиитчки напади имаше во Ирак.

ИД и во 2017 година била групата при чии напади имало најмногу жртви, иако нивниот број е намален за 52 отсто.

Најкрвавиот напад во 2017 година бил извршен од страна на сомалиската група Ал Шабаб, кога при експлозија на автомобил бомба пред хотел во Могадишу загинаа 587 лица. По овој, следи нападот на ИД врз џамија на Синајскиот Полуостров. при што загинаа 311 лица, а 122 беа ранети.

Во извештајот се посочува и дека во текот на 2017 година во Северна Америка и Европа се бележи зголемување на „екстремно десничарскиот политички тероризам“, кој довел до смртта на 17 лица.

Би можело да ве интересира

Уапсен сопственикот на Телеграм

Француски суд осуди 12-годишно момче: Виновен е бидејќи го бранел тероризмот

(ВИДЕО) Спречен е терористички акт во Австрија, уапсен млад маж од Македонија

Горан Наумовски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Во Париз: Автомобил усмрти едно лице, двајца се тешко повредени

Горан Наумовски

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по нападот со нож во црквата во Сиднеј