ВИДЕО: Караванот на отпорот ја преплави Гевгелија

Од:

Стотина возила со македонско знаме и со ознаката стиснатата тупаница како симбол на Отпорот, денеска напладне ги преплавија гевгелиските улици. Реката на отпорот започна од Пожарната станица во Гевгелија, а ланецот на возила до недоглед се редеше се до зградата на поранешниот ЗИК Винојуг.

Отпорашите со стиснати сирени на возилата ја пропеаја со мегафон низ гевгелиските улици познатата македонска партизанска песна “Во борба, во борба“, како и “Бела чао“, “Ах бре макеонче“.

Реката од возила помина низ сите поважни сообраќајници низ Гевгелија, а на улицата “Димитар Влахов“, каде се наоѓа седиштето на Општина Гвегелија, во знак на ОТПОР кон оваа Власт ги запреа возилата и предизвикаа 10 минутен застој на сообраќајот.

Пораката до локалните власти ќе ја пренесат безбедносните камери со звукот на сирените кои трештеа во центарот на градот.

Караванот на ОТПОРОТ, по едночасовна маршута, заврши пред седиштето на ОО СДСМ Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно

38-годишен маж од Гевгелија е пронајден мртов во семејниот дом

Во сообраќајка кај Гевгелија загина 19-годишник

А1он

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло