Американскиот претседател Доналд Трамп гради нов светски поредок кој ќе го поттикне американското лидерство и демократија, рекол американскиот државен секретар Мајк Помпео пред дипломати на собир во Брисел, обвинувајќи ги Иран и Кина за нестабилност во светот.
„Во најдобрата традиција на нашата голема демократија, ја собираме нацијата во изградба на ново либерално потекло кое ќе спречува војна и ќе оствари поголем просперитет“ рекол Помпео.
„Под претседателот Трамп, ние не ја напуштаме меѓународната лидерска позиција, ниту нашите пријатели во меѓународниот состав“ додал американскиот државен секретар.
Помпео ги критикувал Иран и Кина, отфрлајќи ги наводите дека Вашингтон постапува еднострано.