Украина соопшти дека товарниот сообраќај во Азовското Море повторно е воспоставен по неодамнешниот инцидент со Русија.
Министерот за инфраструктура на Украина, Волдимир Омелијан, денеска изјави дека бродовите минуваат низ теснецот Керч, кој ги поврзува Азовското и Црното Море.
Омелијан, кој минатата недела ја обвини Русија дека ги блокира украинските товарни бродови низ теснецот Керч, денеска рече дека пристаништата Берѓанск и Мариопул делумно се блокирани благодарение на остриот меѓународен договор.
Русија нагласи дека никогаш не ги спречувала бродовите да минуваат низ теснецот и дека секакво можно нарушување на сообраќајот е поради лошите временски услови.
Односите меѓу Украина и Русија се влошија по инцидентот на 25 ноември кога руската крајбрежна стража пукаше кон три брода на украинската воена морнарица, а потоа ги заплени бородовите и го уапси екипажот.